Жесток одговор од ПСЖ: Немој да мислите дека се што ќе каже Мбапе е вистина

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сагата околу преселбата на Килијан Мбапе во Реал е завршена, но не и војната меѓу него и претседателот на ПСЖ, Насер ал-Келаифи. Мбапе две години флертуваше со Реал, на крајот сагата заврши и тој го стави потписот на пет годишниот договор. Како слободен играч се пресели во Мадрид. Наводно уште во февруари ја донел одлуката да го напушти ПСЖ, со што го налутил претседателот на ПСЖ.


Мбапе (25) дојде во ПСЖ во 2018 година за 180 милиони евра од Монако. Иако играше со Меси и Нејмар и постигна 256 за ПСЖ на 308 натпревари, тој не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Веќе некое време беше незадоволен и сакаше да си замине.

Претседателот на клубот го задржа пред две години со еден од најголемите договори во историјата на фудбалот.

Месечно заработуваше околу шест милиони евра бруто (2,7 милиони нето), доби бонус од 180 милиони евра само за потпишување на договорот и дополнителни 70 милиони на крајот од секоја година од договорот (бонус за верност кон клубот), кој требаше да трае до три години. Но, му беше понудена опцијата да замине бесплатно по две сезони и тој реши да ја искористи таа опција.

Откако Мбапе објави, Ал-Келаифи полуде и одби да му ги плати последните 70 милиони евра. Ситуацијата е апсурдна, бидејќи клубот треба да му исплати на фудбалерот „бонус за верност“, кога тој веќе го напушти клубот.

Кога Реал објави дека Мбапе од следната сезона ќе го носи белиот дрес, фудбалерот испука „отровни стрели3 токму кон Ал-Келаифи.

„Кога му кажав на претседателот дека ќе си заминам на крајот на сезоната, ми се закани и тоа со сила дека нема да играм за ПСЖ до крајот на сезоната. Ме спасија тренерот Луис Енрике и спортскиот директор Луис Кампос. Да не беа тие немаше повеќе да стапнам на терено“.

Одговорот стигна од клубот, неофицијално, но агенцијата АФП цитира „сигурни извори од клубот“.

„Мбапе нема апсолутно никаква класа. Насер ал-Келаифи никогаш никому не му дал ни никаква наредба поврзана со тимот. Луис Енрике го потврди ова, но и покрај се, штом Мбапе ќе каже нешто, сите го третираат како вистина. Ние ќе го држиме достоинството и професионалноста за доброто на ПСЖ, Париз и навивачите. ”

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK