Најдобриот голман во Серија А се сели во Јувентус

digregorio.calma_.monza_.roma_.2023.1440x864.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Јувентус наскоро ќе ја официјализира соработката со голманот Микеле Ди Грегорио (26).

Ди Грегорио пристигнува од Монца, а Јувентус треба да плати околу 20 милиони евра.

Станува збор за голман кој сезонава во Серија А, на 33 натпревари прими 35 гола и 14 пати остана несовладан. Серија А на крајот од сезоната го прогласи за најдобар голман на првенството.

Помалку е чудно што најдобриот голман во Серија А не доби покана од селекторот Лучано Спалети за Европското првенство.

Во Јувентус за позицијата ќе се бори со Војчех Шчесни и Матија Перин.

Јувентус и Монца допрва треба да се договорат за формулата за трансфер. Постои можност Јувентус да го доведе на позајмица со задолжителен откуп. Ди Грегорио е дете на Интер, а играше како позајмен во Ренате, Новара и Порденоне.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK