Мбапе: Во ПСЖ в лице ми рекоа дека повеќе нема да играм

mbape-psg-444.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сагата конечно заврши, Килијан Мбапе се пресели во Реал. И тој зборуваше со новинарите за прв пат откако беше официјализиран трансферот.


Мбапе разговараше со новинарите на собирот на француската репрезентација пред ЕУРО, на кој присуствуваше и претседателот на таа земја, Емануел Макрон.

– Многу сум среќен, се гледа насмевката на моето лице. И како среќен играч можам да играм подобро. Ќе играм за мојот клуб од соништата. Во Реал Мадрид ќе бидам најмалку пет години – изјави Мбапе.

Потоа се отвори за последните години во Пари Сен Жермен.

– Во ПСЖ на почетокот на сезоната ми рекоа во лице дека нема повеќе да играм. Луис Кампос и Луис Енрике ме спасија. Се чувствувам олеснето. Дојдов во Реал со многу скромност, во најголемиот клуб во светот. Сакам да му се заблагодарам на претседателот Флорентино Перез. Тој ми веруваше од првиот ден.

Мбапе дојде во Реал како слободен играч, бидејќи не сакаше да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK