Од Скопската епархија, при Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, информираат дека во изминативе 6 месеци интензивно се работи на внатрешноста на храмот „Свети рамноапостолни цар Константин и царица Елена“, во центарот на Скопје: се фрескоживописува и се привршува проектот за изработка на иконостасот и подот, а останува да се изведе електриката и да се уреди просторот околу храмот.
„Фрескописот и другите потребни работи се извршуваат од донации, но за целосно довршување на храмот ќе биде потребна дополнителна помош, па се очекува да помогнат и верниците, стопанствениците, приватните бизнисмени како и сите луѓе – добронамерници.
Опсервер дознава дека донатор на фрескописот, кој интензивно се исцртува на внатрешните ѕидови во црквата е бизнисменот Кочо Анѓушев, кој се јави на минатогодишниот повик на МПЦ-ОА за помош за завршување на храмот, мотивиран од тоа што и тој самиот, а и неговиот внук и внука го носат името на светците
Инаку, новиот храм се гради во спомен на урнатиот од земјотресот, и е во целосна сопственост на Скопската епархија, со сите подмирени долгови од порано кон изведувачот на градежните работи, кој долгот го пријави дури по неколку години“, се истакнува во напишаното.