Реакции по планот на Бајден за крај на војната во Газа, Хамас е подготвен за разговор

bajden1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дел од светските лидери го поздравија новиот мировен план за Појасот Газа што го претстави американскиот претседател Џо Бајден.


Хамас позитивно одговори и на предлогот на Израел за прекин на конфликтот.

„Време е оваа војна да заврши“ – со овие зборови Џо Бајден во три фази го претстави израелскиот план за примирје со Хамас.

Првиот вклучува шестнеделен прекин на огнот во кој израелските сили ќе се повлечат од сите населени области на Газа, некои заложници – вклучително и постари луѓе и жени – ќе бидат ослободени во замена за стотици палестински затвореници, враќање на палестинските цивили и 600 камиони дневно ќе доставуваат хуманитарна помош до опустошената енклава.

Во втората фаза, на неопределено време, Хамас и Израел ќе преговараат за условите за конечен прекин на непријателствата, при што прекинот на огнот ќе трае додека траат преговорите. Третата фаза ќе вклучува огромен план за обнова на Газа.

Хамас позитивно реагираше на планот и рече дека е подготвен за конструктивен ангажман во секој договор што се заснова на траен прекин на огнот и целосно повлекување на израелската армија.

Израелските власти најавија дека условите во предлогот ќе му овозможат на Тел Авив да ги постигне своите цели за враќање на заробените Израелци дома и елиминирање на групата. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, веднаш по говорот на американскиот претседател Џозеф Бајден во кој ги повика Израел и Хамас да го прифатат последниот предлог за заложници, објави дека израелската влада е обединета во својата желба да ги врати сите заложници дома што е можно поскоро и дека работи за да се постигне таа цел.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го поздрави, како што рече, „реалниот“ израелски патоказ за прекин на огнот во Газа. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, исто така го изрази своето одобрување за новиот предлог за ставање крај на војната.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK