„Долга и тешка ноќ“ – Зеленски се огласи по рускиот напад, Полска го коментираше подигањето на авионите

Видео-Зеленски-Новите-санкции-на-Европската-унија-ќе-ги-намалат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави, по масовниот воздушен напад утринава од страна на руската армија врз енергетската инфраструктура на Украина, дека целосната заштита на украинското небо мора да стане норма и дека на земјата и се потребни повеќе системи за противвоздушна одбрана.

Како што наведе, партнерите знаат што е потребно за ова – дополнителни „Патриот“ и други системи за ПВО за Украина, како и забрзување на испораките на авиони Ф-16 за Украина.

„Само кога (рускиот претседател Владимир) Путин нема способност да гаѓа цивили и цивилна инфраструктура, ќе биде принуден да го запре својот терор“, напиша Зеленски на мрежата Х.

Во Киев претходно беше соопштено дека рано утринава руските сили нападнале енергетски објекти во пет региони на Украина со 100 проектили и беспилотни летала.

Украинската армија денеска собори 81 руска воздушна цел од 100 проектили и беспилотни летала со кои руските сили нападнаа енергетски објекти во пет региони на Украина, соопшти командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешчук.

Тој на својот канал Телеграм изјави дека руската армија лансирала 53 ракети од различни типови и 47 беспилотни летала, односно беспилотни летала „Шахед“, а украинските сили собориле 35 ракети и 46 беспилотни летала.

Меѓу соборените ракети имало четири крстосувачки ракети „Калибар“ и една крстосувачка ракета „Искандер-К“, напиша Олешчук.

Во текот на ноќта полската авијација подигна авиони поради активностите на руската авијација со долг дострел на територијата на Украина, соопшти оперативната команда на вооружените сили на таа земја.

„Тоа беше долга и напорна ноќ за целиот систем за воздушна одбрана на Полска“, се вели во соопштението на мрежата X.

Се додава дека подоцна, поради намалувањето на нивото на опасност од ракетните напади на руските авиони на територијата на Украина, активностите на полската и сојузничката авијација во полскиот воздушен простор беа прекинати, а силите и средствата се вратија во нормални активности.

Исто така, се забележува дека полската армија постојано ја следи ситуацијата на територијата на Украина и е во постојана готовност за безбедноста на полскиот воздушен простор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK