Италија не и’ дозволува на Украина да го користи нивното оружје на руска територија

87.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека Украина нема дозвола од Италија да користи оружје доставено од таа земја за цели на територијата на Руската Федерација, туку може да го користи само „за да го одбие рускиот напредок и да ја гарантира слободата на земјата“.


Тајани рече дека Италија отфрла војна и дека не може да обезбеди оружје за напад на Русија на територијата на таа земја, пренесува римскиот весник „Фато Котидијано“.

„Италијанското оружје може да се користи само на територијата на Украина за да се одбие рускиот напредок и да се гарантира слободата на земјата. Едно е да се користи ова оружје на окупираната територија, едно е да се брани Украина, друго е да се каже дека сме во војна со Русија“, рече тој.

Министерот за одбрана Гидо Крозето изјави дека италијанскиот устав ѝ забранува на Италија да и дозволи на Украина да таргетира руска територија.

„Примената на членот 11 од нашиот Устав наметнува предупредувања за употребата на оружјето што и го даваме на Украина: тоа нужно мора да се користи за одбрана на Украина, што значи напади врз Русите во Украина, но тие не можат да се користат на територијата на друга земја. Тоа е мое мислење, кое го делат и премиерот и министерот Тајани“, рече Крозето.

Претходно, западните медиуми, повикувајќи се на американски официјални претставници, објавија дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден и дала дозвола на Украина да користи американско оружје за цели во Русија, но само во близина на областа Харков.

Германија денеска објави и дека ќе и дозволи на Украина да користи германско оружје за да напаѓа цели во границите на Русија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK