Неколку лица се повредени во напад со нож за време на мал митинг на политичката група БПЕ во Манхајм, Германија.
Нападот е снимен во живо утрово, а на него се гледа како напаѓачот соборува човек на земја додека го прободува со сечилото.
Нападот се случи за време на мал митинг на политичката група БПЕ, која има антиисламски ставови.
BREAKING:
Islamist terror attack in Germany
The conservative politician and anti-Islam activist Michael Stürzenberger was stabbed during a public meeting in Mannheim.
A police officers was also stabbed in the neck.
The attacker was liquidated by the police pic.twitter.com/o2lXeIAEZX
— Visegrád 24 (@visegrad24) May 31, 2024
Случајни минувачи притрчале да му помогнат на нападнатиот човек. Неколку моменти подоцна напаѓачот го прободел мажот во главата.
Неколку случајни минувачи притрчале да и помогнат на жртвата и биле видени како го грабнуваат и го повлекуваат напаѓачот, кој останал на подот, подалеку од човекот.
Сепак напаѓачот успеал да се ослободи и да продолжи со нападот. По повеќекратните убоди, полицајците успеале да го совладаат напаѓачот и да го соборат на подот.
Повредениот полицаец бил виден како ја држи крвавата глава додека се оддалечувал од областа.
Состојбата на напаѓачот не е потврдена.
По нападот, лекарите биле забележани на местото на настанот а околу местото беше поставен полициски кордон.
Полицијата не потврди колку лица се избодени со нож во нападот.