За модерни општини и град Скопје, клучен е рамномерен регионален развој и тој не смее да биде условен од политика или друг фактор на поделба, беше заклучокот од средбата на Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
На денешната посета која се одвиваше во рамки на циклусот со кој се опфатени сите општини, беа дискутирани реализираните проекти, но и проблемите со кои се соочуваат жителите на Центар и Скопје. Кaко приоритет беше издвоен проблемот со паркирањето, на чие надминување мора сериозно да се работи. Градоначалникот Ѓорѓиевски потенцираше дека како Претседател на ЗЕЛС продолжува еднакво да се залага за сите и дека очекува многу побрзи решенија сега, откако новата централна власт има сериозен план да обезбеди директна финансиска помош за локалните самоуправи.
-Во рамки на агендата за посета на скопските општини, денес во просториите на општина Центар остварив средба со првиот човек, колегата Горан Герасимовски. Разговаравме за она што досега е сработено, она што е како план во периодот што следи но и за проблемите со кои се соочуваат жителите на Скопје. Од она што го заклучивме во разговорот, општина Центар има сериозен проблем со паркирањето и во иднина ќе се работи на надминување на оваа голгота во центарот на Скопје. За модерни општини и град Скопје потребен е рамномерен развој без разлика на политичката или било каква припадност. Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе вложи една милијарда евра за развој на општините рамномерно, по 250 милиони евра годишно.
Како претседател на ЗЕЛС ќе продолжам да се залагам подеднакво за сите, особено сега кога новата централна власт има сериозен план да обезбеди директна финансиска помош за локалните самоуправи. Скопје заслужува да биде повторно горд град- изјави Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.