Евроамбасадорот Гир не сакаше да ги коментира случувањата во ДУИ

Dejvid-Gir-Sobranie.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нема да коментирам внатрешнополитички случувања и изјави на лидери во земјата, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир, прашан од новинарите како ја коментира изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека дека со нивното невлегување во власта се прекршува Охридскиот договор.


Гир потоа рече дека она што е важно е дека според прелиминарната оценка на меѓународните набљудувачи, изборите беа демократски и се случија во мирна атмосфера.

„Го чекаме конечниот извештај на Меѓународната набљудувачка мисија, кои имаат заклучоци и препораки што е важно натаму да бидат спроведени. Сакаме да видиме формирање на стабилна влада што е можно поскоро. Сакаме да видиме и по формирањето на Владата, таа да ги засука ракавите и ќе ги спроведе реформите, како и нивна посветеност на европскиот пат. Да можеме колективно да работиме на заложбата и ветувањето на младите за да ја реализираме нивната европска иднина колку што е можно поскоро. Со тоа мислам на ЕУ тука во Македонија“, рече Гир.

Прашан и дали смета дека секоја партија која нема да биде дел од власта, како што е ДУИ треба да ја прифати таа реалнонст, Гир повтори дека нема да коментира внатрешни политички случувања.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK