Еден од капитените на фудбалската репрезентација на Турција, Чаглар Сојунџу ќе го пропушти континеталниот шампионат во Германија. Сојунџу е фудбалер на Атлетико Мадрид на позајмица во Фенербахче. Тој е еден од клучните дефанзивци во тимот на Винченцо Монтела.
Сојунџу се повреди на натпреварот од последното коло од турската Суперлига меѓу Фенербахче и Истанбулспор.
Првично Фенербахче објави дека повредата не е сериозна, но вчера Сојунџу не можел да го одработи тренингот. Дополнителните прегледи покажале дека поради повредата на бутниот мускул тој ќе мора да мирува еден месец.
Турската репрезентација на ЕУРО 2024 е во групата Ф со селекциите на Португалија, Чешка и Грузија, а првиот натпревар ќе го одигра на 18 јуни во Дортмунд против Грузија.
Сојунџу, тој досега во кариерата за Турција одиграл 55 натпревари и постигнал два гола.