Левица: ДПМНЕ ја устоличи противуставната двојазичност – отсега и ќе се казнува за нејзино неспроведување

apasiev-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Деновиве во јавноста произлезе фрапантна информација дека Инспекторатот за употреба за јазиците, согласно последното „појаснување“ од министерот за правда, Кренар Лога, може да постапува и против банките во Македонија за (не)користење на албанскиот јазик.


Од инспекторатот велат дека банките и другите правни лица кои вршат јавни надлежности, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, мора да го користат и јазикот и писмото што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Македонија, велат од Левица.

„Ова претставува последниот акт на необалистичките структури во Македонија, но овојпат со целосна поддршка од страна на „патриотите“ од ДПМНЕ за целосно разнебитување на македонската држава и водење кон територијална и јазична федерализација на истата со крајна цел – реинкарнација на фашистичката творба: Голема Албанија. Во духот на крунисувањето на необалистот, поранешниот претседател на Политичката партија Алтернатива, Африм ГАШИ, за претседател на Собранието на Република Македонија, се поставува едно многу легитимно прашање: Дали ДПМНЕ ја продолжува големоалбанската агенда на новите коалициони партнери?“, велат од Левица.

Потсетуваат дека во својата програма се залага за, како што велат, поништување на илегалната двојазичност на целата територија на Републиката (преку т.н. Закон за употреба на јазиците), како и укинување на непотребните „пара“ и паралелни институции кои немаат никаково оправдување за нивното постоење, меѓу кои и Агенцијата за употреба на јазиците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK