Еден од шефовите на руската разузнавачка служба: НАТО подготвува нуклеарен напад, разработува сценарија

нато.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еден од шефовите на руската разузнавачка служба, ФСБ ги обвини земјите на НАТО дека се подготвувале да извршат нуклеарни напади на руската територија.


Генералот Владимир Кулисов, кој ја води граничната служба на ФСБ, изјави за државната агенција „Риа Новости“ дека Москва е загрижена за зголемувањето на активностите на НАТО во близина на руската граница.

„Активностите за разузнавање на НАТО се зголемуваат во близина на руската граница, како и интензитетот на операција и борбена обука. Сценаријата се разработуваат да се нападне Руската Федерација, вклучително и нуклеарни напади на нашата територија“, рече тој.

Неговите коментари доаѓаат откако рускиот претседател Владимир Путин и нареди на својата војска на почетокот од овој месец да вежба распоредување на тактичкото нуклеарно оружје „за закани од Западот“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK