Норвешка вели дека признавањето на Палестина е важен ден, Израел: Одлуката е награда за акциите на Хамас

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Норвешка, една од трите европски земји што денеска официјално ја признаа Палестина, го поздрави „важниот ден“ и изрази жалење поради очигледниот недостаток на Израел од „конструктивен ангажман“.



„Повеќе од 30 години Норвешка е еден од најверните застапници на постоењето на палестинска држава“, изјави шефот на норвешката дипломатија, Еспен Барт Еиде.

„Денот кога Норвешка официјално ја признава Палестина како држава е важен ден за норвешко-палестинските односи“, додаде тој.

Како дел од иницијативата координирана со Шпанија и Ирска, оваа нордиска земја минатата среда објави дека во вторник ќе ја признае државата Палестина.

Оваа одлука го налути Израел, кој ја смета за „награда“ за акциите на палестинското исламистичко движење Хамас во екот на војната во Појасот Газа.

Шефот на израелската дипломатија Израел Кац веднаш најави консултации со израелските амбасадори во овие три земји и ги покани на разговор нивните амбасадори во Израел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK