Доменико Тедеско, селекторот на белгиската репрезентација го објави конечниот список за претстојното Европско првенство во Германија. Белгија во Германија ќе патува со 25, а не со 26 фудбалери колку што дозволи УЕФА.
Очекувано на спиското го нема еден од најдобрите светски голмани, Тибо Куртоа. Голамнот на Реал долго време беше повреден, се врати во финишот на сезоната и според најавите ќе брани во сабота, во финалето на Лигата на шампионите.
Куртоа од претходно има одредени несогласувања со селекторот Тедеско.
На ЕП ќе патува и 35-годишнот Аксел Витсел, кој се повлече од националниот тим по Светското првенство во Катар. Тедеско го убедли ветеранот дека му е потребен на овој тим.
Списокот на Белгија за ЕУРО 2024:
Голмани: Коен Кастелс (Волфсбург), Томас Камински (Лутон), Матс Селс (Нотингем Форест);
Одбрана: Јан Вертонген (Андерлехт), Зено Дебаст (Андерлехт), Вут Фас (Лестер), Тимоти Кастањ (Фулам), Артур Тет (Рен), Максим Де Кујпер (Клуб Бриж), Томас Муние (Трабзон);
Среден ред: Аксел Витсел (Атлетико Мадрид), Амаду Онана (Евертон), Астер Вранкс (Волфсбург), Јури Тилеманс (Астон Вила), Орел Мангала (Лион), Кевин Де Брујне (Манчестер сити), Артур Вермерен (Атлетико Мадрид);
Напад: Доди Лукебакио (Севилја), жереми Доку (Манчестер сити), Лоис Опенда (Лајпциг), Леандро Тросар (Арсенал), Ромелу Лукаку (Рома), Шарл Де Кетеларе (Аталанта), Јохан Бакајоко (ПСВ), Јаник Фереира Караско ( Ал Шабаб).
Белгиските фудбалери ќе ги започнат подготовките за Европското првенство на 31 мај. Пред патувањето во Германија ќе одиграат пријателски натпревари против Црна Гора и Луксембург.
Европското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија, а Белгија ќе игра во групата Е заедно со Словачка, Украина и Романија.