Баер Леверкузен во голем стил, без пораз, ја освои двојната круна во Германија. чаби Алонсо, реши да остане во Леверкузен во наредната сезона и според германските медиуми го договорил првото засилување. Нов член на Баер ќе стане капитенот на Џирона, Алеиш Гарсија.
Шпанецот оваа сезона експлодираше и беше еден од предводниците на тимот кој обезбеди историски пласман во Лигата на шампионите.
Гарсија беше поврзуван и со Барса, но Чаби Алонсо ја искористи нерешителноста на Каталонците.
Алонсо, лично побарал од клупските челници да го доведат 26-годишниот играч за врска, кој е по негов вкус, бидејќи игра во двата правци.
Отштетата нема да надмине 20 милиони евра.
Алеиш Гарсија оваа сезона одигра 40 натпревари, постигна три гола и забележа шест асистенции.
Инаку, Алеиш Гарсија пристигна во Џирона во летото 2021 година како слободен играч од Еибар. Помина низ академијата на Манчестер сити, а играше во Џирона на почтокот на кариерата на позајмица. Подоцна замина на позајмица во Мускрон и Динамо Букурешт.