Шефот на полската дипломатија: Не ја исклучуваме можноста за испраќање војници во Украина

35e12548-95fc-4456-9213-aac6c0e312d7.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полска не треба да ја исклучи можноста за испраќање сили во Украина, рече министерот за надворешни работи Радослав Сикорски во коментарите објавени денеска додека Киев се бори да го одбие рускиот напредок, но Сикорски не прецизираше каква улога ќе имаат полските војници.


Иако сојузниците на Украина во НАТО ветија дека ќе ја снабдуваат земјата разурната од војна со пари и оружје онолку долго колку што е потребно, тие генерално ја отфрлија можноста за испраќање војници во земјата.

Запрашан во интервјуто дали Полска е подготвена да испрати сили во Украина, Сикорски рече: „Не треба да го отфрлиме тоа. Треба да оставиме рускиот претседател Владимир Путин да погодува за нашите намери“.

Интервјуто го објавија полската Gazeta Wyborcza, италијанската La Repubblica и шпански El Pais.

Самиот Сикорски претходно изјави дека присуството на силите на НАТО во Украина „не е незамисливо“.

Вчера, врховниот командант на Украина рече дека потпишал документи со кои им овозможува на француските воени инструктори наскоро да ги посетат украинските центри за обука.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK