Кошаркарите на Бостон Селтикс се пласираа во финалето на НБА плеј-офот, откако во четвртиот натпревар од финалето на Истокот славеа над Индијана Пејсерс со 105:102.
Џејлен Браун ги предводеше Селтикси до победата со 29 поени и шест скока, а беше прогласен за МВП на финалето на Источната конференција. Го следеше Џејсон Тејтум со 26 поени, 13 скока и осум асистенции.
Најдобри кај Индијана беа Ендрју Нембхард со 24 поени и 10 асистенции и Паскал Сијакам со 19 поени и 10 скока.
Еден од најдобрите кошаркари на Индијана, Тајрис Халибартон, го пропушти натпреварот.
По изедначена борба во текот на целиот натпревар, во која екипите водеа наизменично, Индијана на три минути пред крајот имаше четири поени предност 98:102, но потоа целосно застана и Бостон стигна до победата со серија од 7:0. .
Во финалето на НБА лигата, Бостон ќе игра против подобриот тим од Далас и Минесота.
Во финалето на Западот Далас води со 3:0 и утре ќе ја има првата меч топка за пласман во големото финалето.