Авионот се урнал 20 минути по полетувањето: полицијата објави нови детали за несреќата кај Загреб

avion-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Едно лице загина, а четворица патници се повредени во падот на спортскиот авион во саботата во шумата јужно од Керестинац кај Загреб. На летот биле регистрирани пет патници.


За падот на авионот се огласи и полицијата, која објави некои нови детали од несреќата.

„На 25 мај околу 15.51 часот е добиена пријава за пад на мал авион во атарот на населбата Лучко. Веднаш по добивањето на пријавата, полициски службеници заедно со други служби излегле на терен.  На местото на настанот, во Ступничко-обрешка шума, на повредените им била укажана лекарска помош и било утврдено дека во авионската несреќа едно лице загинало.

Имено, авионот Цесна со унгарски регистерски таблички го управувал 27-годишен маж, а од засега неутврдени причини авионот се урнал 20-ина минути по полетувањето.

Заедно со пилотот во авионот имало уште четири лица, 30-годишен маж, двајца мажи на возраст од 39 и 22 години и една 68-годишна жена. На повредените им била укажана лекарска помош во здравствени установи во Загреб.

Истрагата ја води дежурниот заменик на Жупаниското државно обвинителство во Велика Горица во соработка со инспектори за авионска несреќа. Истрагата и кривичната истрага продолжуваат за да се утврдат сите околности“, велат од полицијата, пренесува „Индекс“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK