Панатинаикос ја освои титулата на завршниот турни во Евролигата. Во Берлин Панатинаикос го победи бранителот на титулата Реал Мадрид со 95:80. Ова е седма титула за Панатинаикос, прва од 2011 година. Тренерот на зелените, Ергин Атаман трет пат во кариерата стана европски првак, првите две титули ги освои со Анадолу Ефес.
Панатинаикос во финалето го предводеа Костас Слукас со 24 поени, Кендрик Нан со 21 поен, односно Матијас Лесор со 17 пени и шест скока. Кај Реал Џана Муса уфрли 15 поени, Факундо Кампацо 12 со четири асистенции, Чачо Родригез 11. Потфрли Марио Хезоња со само осум поени (шут за три 1/8) и осум скока.
Панатинаикос во големото финале одигра брилијантен натпревар. Во првиот дел имаа негатива од 14 поени, но во вториот дел одиграа нестварно во одбраната и на крајот заслужено дојдоа до трофејот.
МВП на завршниот турнир е Костас Слукас. Плејмејкерот ја освои четвртата титула во Евролигата, две титули има со Олимпијакос, една со Фенербахче.