Баерн реши да ризикува, Компани доаѓа во Минхен

Vincent-Kompany-Burnley-122022-NEW.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Венсан Компани (38) е новиот тренер на Баерн. Барнли, актуелниот клуб на легендарниот фудбалер на Манчестерсити како обесштетување ќе доби 10,2 милиони фунти (околу 12 милиони евра). Трансфер инсајдерот, Фабрицио Романо, објави дека Компани потпишал три годишен договор.


Изборот на Компани претставува големо изненадување, бидејќи тој како тренер нема големо искуство и нема остварено голем успех.

Првата работа му беше во Андерлехт, клуб во кој ја почна кариерата. Со најголемиот белгиски клуб во две сезони го освои третото и четвртото место во првенството и играше во финалето на купот.

Потоа го презеде Барнли и во првата сезона со тој клуб избори промоција во Премиер лигата. Но, оваа сезона се врати во Чемпионшип, откако забележа само пет победи во 37 натпревари.

Компани не беше првата, а ни втората опција на Баерн, но клубот реши да го ангажира откако не успеа да се договори со Чаби Алонсо и Ралф Рагник, а потоа Тухел не ги прифати понудените услови да остане во Минхен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK