Ниските цени на доматите ги натераа на протест земјоделците од струмичко Просениково

zemjodelci.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK


Земјоделците од струмичкото село Просениково одржаа протест пред селото поради ниските откупни цени на доматите кои секојдневно паѓаат поради прекупците. Пратеникот Сашко Јанчев, координаторот на Секор – земјоделие на Левица и членовите на Локалниот огранок на Левица од Струмица беа на протестот да им дадат поддршка на земјоделците.

,,Главен виновник за ниските цени е зелената мафија на прекупци која секојдневно ја спушта цената. Со понудената сегашна цена тие не можат да си ги покријат ни трошоците за производство и велат дека ако вака продолжи и она малку младо население кое е останато во селата, ќе ја напушти државата”, изјави Јанчев.


Тој пред земјоделците ги потенцираше и програмските заложби на Левица во областа на земјоделието.

,,Зелената мафија мора да се разбие. Мора да се отворат државни откупни центри кои ќе ги диктираат фер – цените за откуп! Стоковните резерви на државата мора да се пополнуваат само со домашно производство со однапред склучени договори со земјоделците, мора да се гарантираат фер – минимум откупни цени и мора да се отворат државни ладилници од кои ќе се снабдуваат со домашно произведена храна: АРМ, градинки, школи, болници итн.”, истакна Јанчев.

Ова се дел од мерките предвидени во Програмата на Левица за спас на земјоделието.

Земјоделците од овој крај кажаа дека ќе продолжат со протести, а Левица им дава безрезервна поддршка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK