Трамп: За жал, многу од заложниците што ги чекаме не се меѓу живите

Трамп-Намерно-ги-мешам-имињата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот американски претседател и кандидат на Републиканската партија за претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп, денеска изјави дека многу од заложниците киднапирани од членовите на палестинската милитантна група Хамас во нападот врз јужен Израел во октомври „веќе не се меѓу живите“.


За време на предизборниот митинг во Бронкс, тој зборуваше за меѓународни прашања, а кога е во прашање војната во Газа, рече дека „знаел дека многумина нема да се вратат“ кога видел снимки како се однесувале со заложниците за време на нападот на Хамас, пренесува „The Times of Israel“.

„Меѓу вас гледам многу знамиња на Израел. Тоа е страшна работа, но морам да кажам, верувам дека многу од заложниците што ги чекате и сите ги чекаат, многу од нив се мртви. Некои ќе бидат живи, но многумина се мртви“, рече Трамп, додавајќи дека ништо од ова немаше да се случи доколку претходните претседателски избори, на кои тој загуби од актуелниот американски претседател Џозеф Бајден, не беа „украдени“.

Тој зборуваше и за лидерските способности на Бајден, наведувајќи дека лидерите на Кина, Русија, Унгарија и Северна Кореја ја извршуваат својата работа „на највисоко ниво“, за разлика од Бајден.

Трамп најави и дека доколку биде избран за втор претседателски мандат на изборите на 5 ноември, ќе ги стави САД во позиција „светот повторно да ги почитува“.

Тој вети дека ќе ја подобри транспортната инфраструктура и ќе ја обнови „најголемата економија“, говорејќи во метрополитенската област Бронкс во Њујорк, каде што мнозинството гласачи традиционално одат за демократските кандидати.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK