(Видео) Хаос на судењето за масакрот кај Младеновац, родителите го нападнаа убиецот: „Ни ги уби децата!“

uros-blazic-sudenje.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Родителите на жртвите од масакрот во Младеновац, Србија го нападнаа масовниот убиец Урош Блажиќ веднаш штом беше внесен во судница, по што итно беше изнесен.


Како што пренесоа српските медиуми, набргу по внесувањето на Блажиќ низ вратата на судницата, се слушнале извици, а потоа родителите физички тргнале кон обвинетиот, поради што полицијата морала да реагира.

Обезбедувањето мораше да ги воздржи родителите кои низ солзи викаа: „Ни ги уби децата!“, „Пукаше во мојата ќерка и син“.

Видно вознемирени, на крајот родителите беа отстранети од судницата, пренесуваат српските медиуми.

Урош Блажиќ на 4 мај минатата година, во селата Мало Орашје кај Смедерево и Дубона кај Младеновац пукајќи со автоматска пушка и пиштол уби девет млади лица од кои двајца малолетници и се обиде да убие уште 20 лица, од кои рани 12.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK