Гроси: Смртта на Раиси предизвика пауза во преговорите меѓу МААЕ и Иран

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, во хеликоптерска несреќа, предизвика пауза во преговорите меѓу Техеран и Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ), изјави директорот на агенцијата на ОН Рафаел Гроси.



Во Хелсинки, каде што зборуваше денеска на нуклеарната конференција, тој објасни дека Иран е „во период на жалост“ и дека кога ќе помине, повторно ќе се ангажира, пренесува Ројтерс.

Гроси рече дека МААЕ планира да ги продолжи техничките разговори со Иран, но дека тие сè уште не се одржани поради хеликоптерската несреќа минатата недела во која загинаа претседателот Раиси и министерот за надворешни работи Абдолахиан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK