Аталанта или Баер, кој ќе ја освои Лига Европа?

Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Баер Леверкузен и Аталанта вечерва во Даблин ќе играат за трофејот во Лига Европа.


Баер е најпријатното изненадување на европскиот фудбал оваа сезона. Да не беше Баер во оваа приказна и ниваната неверојатна серија без пораз која трае од првиор меч сезонава, тој епитет сигурно ќе и припаднеше на Аталанта.

„Фармацеврите“ ја освоија Бундес лигата, а покрај ова финале, на 25.мај ќе играат и во финалето на германскиот Куп.

Аталната исто така има добра сезона, која кулминираше на „Енфилд“ во Ливерпул, која тимот од Бергамо ги декласира црвените со 3:0.

Искусниот Џан Пјеро Гасперини успеа да го воведе тимот во Лигата на шампионите. Играше Аталната и во финалето на Купот, но не успеа да го освои. Јасно е дека „Ла Деа“ ќе направи се сезоната да ја заврши со трофеј, кој би бил прв европски во клупската историја и прв за клубот уште од сезоната 1962/63 (Купот на Италија).

Аталанта оваа сезона во Лига Европа, на патот до финалето, претрпе само еден пораз, во реваншот од четвртфиналето против Ливерпул на свој терен.

Навивачите на овој тим сите надежи ги полагаат во тандемот спектакуларни офанзивци, најдобриот стрелец на тимот во Лигата на Европа, Џанлука Скамака (шест гола) и сензационалниот Белгиец Шарл де Кетеларе, фудбалер кој како позајмен од Милан дојде во Бергамо. Де Кетеларе оваа сезона постигна 14 гола и забележа девет асистенции во сите натпреварувања.

За Баер Леверкузен речиси секојдневно се пишуваше оваа сезона. Доволно е да се каже дека се работи за екипа која во првенството ја растури конкуренција, пред се го декласира „вечниот“ шампион Баерн Минхен. На крајот титулата, прва во историјата на клубот, ја освои без пораз.

Чаби Алонсо формира тим кој никогаш не се предава, можеби во некои моменти имаа и среќа, но неверојатен е податокот дека 12 пати по 90.минута постигнувале голови со кои или победувале или успеале да избегнат пораз.

Фримпонг, Тах, Грималдо, Џака, Вирц, Бонифејс се рбетот на тимот, секој со свој исклучителен придонес во играта.

Најпродуктивен напаѓач на Баер е Виктор Бонифас со 14 гола сезонава во Бундеслигата, додека пет постигна во Лига Европа.

Баер, за разлика од Аталанта, веќе има еден европски трофеј, освоен во 1987/1988 година. Тогаш Баер го освои Куп на УЕФА (пандан на Лига Европа). Во клупските витрини стои и Купот н германија освоен во сезоната 1992/1993. Има Баер и финале во Лигата на шампионите во сезоната 2001/2002.

Финале на Лига Европа

Аталанта – Баер Леверкузен (21:00)
Стадион: АВИВА, Даблин (капацитет 51.700)
Судија: Иштван Ковач (Романија)

Веројатни состави:

Аталанта: Карнесеки – Џимшити, Хајн, Скалвини – Запакоста, Пашалиќ, Едерсон, Руџери – Де Кетеларе, Копмејнерс – Скамака.

Баер: Ковар – Тапсоба, Тах, Хинсапие – Станишиќ, Џака, Андрих, Грималдо – Фримпонг, Адли – Вирц

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK