Норвешка денеска ќе објави дека ја признава палестинската независност, објавија медиуми

д-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата на Норвешка денеска ќе објави дека нордиската земја ја признава независната палестинска држава, објавија  норвешкиот јавен сервис НРК и дневниот весник Афтенпостен, повикувајќи се на неименувани извори.


Норвешкото Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето за коментар, објави Ројтерс.

Владата на Ирска денеска ќе објави и признавање на палестинската држава, изјави синоќа извор запознаен со ова прашање, потсетува британската агенција.

Членките на Европската унија, Ирска, Шпанија, Словенија и Малта во последните недели посочија дека планираат признавање, тврдејќи дека решението со две држави е клучно за траен мир во регионот.

Во вторникот Норвешка стана првата европска земја која соопшти дека ќе го уапси израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог по него.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK