Првиот случај на птичји грип откриен на фарма во Австралија, не е истиот вид како во САД

фф-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Птичјиот грип е откриен на живинарска фарма во близина на Мелбурн, Австралија, а првите резултати од тестовите покажуваат дека не е истиот сој кој е широко распространет на глобално ниво и е присутен кај говедата и млекото во САД, објави денеска австралиското Министерство за земјоделство.

Голем број живина умреле на фармата, која е ставена во карантин, соопштија властите, пренесува Ројтерс.

Одделот за земјоделство на Австралија соопшти дека се вршат тестови за да се утврди за каков тип на вирус се работи и колку е потенцијално сериозен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK