Кошаркарите на Денвер Нагетс загубија од Минесота Тимбервулфс со 98:90 во мајсторката за пласман во финалето во Западната конференција. Минестоа во финалната серија која ќе започне во четврток ќе игра против Далас Маверикас.
Актуелните шампиони загубија и покрај тоа што на стартот од вториот дел имаа предност од 20 поени (58:38), но потоа следеше епски колапс на Нагетс.
Минесота успеа да го направи најголемиот пресврт во историјата на мајсторките и заслужено се пласираше во финалето.
На почетокот на четвртата четвртина Минесота целосно ја презеде контролата врз играта, Нагетс не можеа да затворат ништо, а гостите постојано ја одржуваа предноста.
Руди Гобер се истакна,а одличен придонес дадоа и Таунс, Гобер, МекДаниелс, Конли, Едвардс.
Никола Јокиќ имаше 34 поени, 19 скока и седум асистенции, но интересно само две асистенции во вториот дел. Погоди за 13-28 од поле.
Го следеше Мареј со 35 поени, а останатите потфрлија. Портер постигна седум поени, Поуп пет, а Гордон четири. Неверојатен е податокот дека резервите на Денвер постигнаа само пет поени.
Минесота до победата ја предводеа МекДаниелс и Таунс со по 23 поени, Едвардс постигна 16, Гобер 13.