Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, денеска изјави дека Мадрид ќе ја признае палестинската држава само во рамките на заедничката акција со другите земји.
Во интервју за ТВ станицата Ла Секста, Санчез ги негираше и информациите дека Мадрид ќе ја признае Палестина на 21 мај, пренесува Ројтерс.
Тој претходно изјави дека очекува Мадрид да ја признае Палестина до јули и оти верува дека наскоро ќе има „критична маса“ во ЕУ која ќе принуди неколку членки да заземат ист став.