(Видео) Директорката откри како полуматурантите го запалиле училиштето во Црна Гора

pozar-uchilishte-crna-gora.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Матурската прослава на деветоодделенците од основното училиште „Владо Милиќ“ во Доња Горица денеска тргна наопаку кога децата ја запалија училишната зграда додека палеле факел. Во пожарот за среќа нема повредени.


Директорката на училиштето „Владо Милиќ“ Ивана Милиќ за црногорските медиуми изјави дека освен големата штета која допрва треба да се утврдува, во пожарот во училиштето нема повредени.

„Штетата допрва ќе се утврдува“, кратко прокоментира Милиќ за „Вијести“.

Таа за новинарите пред училиштето изјави дека инцидентот се случил околу десет часот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vijesti.me (@vijesti.me)

„Во палењето на факелот учествуваа сите ученици од деветто одделение“, рече Милиќ, коментирајќи ги причините за избувнувањето на пожарот.

Како што може да се види на неколку видеа кои кружат на социјалните мрежи, децата панично бегале што подалеку од училиштето додека пламените јазици го зафатиле покривот на образовната институција. Според видеото, најисплашени биле учениците од пониските одделенија кои при евакуацијата со неверување гледале во чадот кој се протегал на неколку метри до небото.

Вршителот на должноста командант на Службата за заштита и спасување Подгорица Здравко Блечиќ за новинарите изјави дека на местото на настанот излегле пет екипи со 15 пожарникари.

„Огнот зафатил дел од покривот и површина од 40 до 50 метри квадратни. Пожарникарите имаа проблеми со приближувањето и пристапот до овој дел од училиштето, но со помош на чуварот кој беше многу брз, успеаја“, кажа Блечиќ.

Тој рече дека штетите во училиштето се големи.

„Влагата и употребената вода може да предизвикаат штети и во училниците. Очекуваме пожарот целосно да биде изгаснат за околу 15 минути“, рече Блечиќ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK