Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица во Берово

granata.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Регионалниот ЦУК Штип, известува дека вчера во 12.30 часот во станицата на Полициска станица Берово беше донесено неексплодирано убојно средство, а се претпоставува дека е од Прва светска војна, веднаш потоа беше преземена од страна на пиротехничар од ДЗС Берово за негово уништување.


„Ваквата постапка можеби изгледа правилна, но само тоа е само делумно само зошто е контактирано со Полицијата и сепак е несоодветна од безбедносен аспект. Граѓаните заради своја безбедност и на околината околу нив, треба да постапуваат согласно безбедносните препораки при вакви случаи. Кога ќе пронајдат било какви неексплодирани убојни средства (НУС) или остатоци од минатите војни, препорака до граѓаните е да не ги фаќаат и поместуваат, туку едноставно да се јават на 112 во ЦУК и со НУС ќе се постапува според стандардните оперативни процедури за вакви случаи од страна на професионалци – пиротехничари, безбедно за нив и за сите во нивната околина“, соопштуваат од ЦУК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK