Денеска во 01.10 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 36-годишниот Д.А. од Кавадарци, извести МВР.
„Тој бил баран по централна потерница издадена врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна во времетраење од две години“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на казната.