(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Dzaferi-i-Torkaz-vo-Kotor-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На маргините на лидерскиот состанок за Планот за раст кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата, се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата Влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ, и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички чинители. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока, ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на Меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопшти Кабинетот на Џафери.


Џафери и во Котор нагласи дека, за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата Влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината ма кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK