„Секој треба да го направи својот дел“: порака од самитот на лидерите од регионот и ЕУ

ам.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Планот за раст на Западен Балкан претставува јасен сигнал за посветеноста на Европската унија за економска и демократска трансформација на Западен Балкан, изјави премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ на Самитот на лидерите на Западен Балкан и Европската унија во Котор.


Советот на ЕУ одобри план од шест милијарди евра за поддршка на земјите од Западен Балкан со цел да се забрзаат реформите и економскиот раст, од кои две милијарди грантови и четири поволни заеми гарантирани од ЕУ.

На самитот, покрај лидерите од регионот, учествуваат и европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Џејмс О’Брајан.

О’Брајан рече дека приоритет на Планот за раст за Западен Балкан е да се создаде единствен пазар на циркулација на пари, да се намалат трошоците, да се олесни движењето на пазарот и да се отворат повеќе работни места:

„Пораките на Планот се дека за секој учесник пораката е јасна – сработете ја вашата работа и не барајте некој друг да направи нешто, за да вие го направите вашето“.

Вархеји рече дека Планот за раст, повеќе не е нацрт, туку патоказ, кој е корисен за регионот пред влезот во ЕУ:

„Поради планот за раст и интензитетот на помошта од економскиот и инвестицискиот план, реформската агенда и дополнителната финансиска помош до 2027 година, Балканот ќе биде подготвен, или би можел да биде подготвен за влез во ЕУ“.

Претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Борјана Кришто, рече дека земјата договорила 110 реформи од 113 првично предложени од ЕУ.

„Европскиот пат е главната надворешнополитичка цел за која постои консензус во Босна и Херцеговина“, рече Кришто.

Косовскиот премиер Аљбин Курти ја потврди посветеноста на реформите што треба да се спроведат за да се спроведе Планот.

Тој ја повика Србија да ги гони одговорните за случајот со вооружениот напад во Бањска, кој косовските институции го сметаат за терористички.

Албанскиот премиер Еди Рама ја истакна важноста на регионалната соработка на патот кон Европската унија.

„Време е регионот да стане дел од европскиот дигитален паричник. Поединечно, сите се вклучивме и имаме намера да бидеме подготвени до 2027 година“.

Тој ја нагласи соработката во областа на миграцијата, трговијата со луѓе, „не само меѓу регионите, туку и меѓу регионите и ЕУ“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Планот за раст ќе донесе добри резултати во регионот:

„Ги цениме и сме благодарни за парите, но поважни од парите се структурните реформи што треба да ги спроведеме и тоа многу го цениме.

Тој рече дека е убеден оти земјите од регионот нема да влезат во ЕУ пред Украина.

„Мојата интелигенција ми вели дека така ќе биде. Знам дека ЕУ е многу популарна во вашите земји. Но не толку многу во мојата“.

Премиерот на Северна Македонија, Талат Џафери, потврди дека се посветени на европските реформи, оценувајќи дека за успех на формирањето на заедничкиот пазар, неопходно е деблокирање на Централноевропскиот договор за слободна трговија.

Самитот се организира под слоганот „Еден регион, заедничка визија“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK