Јунајтед го контактирале тренерот на Ипсвич

9a90-b74c1645bae8.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Манчестер јунајтед интензивно бара замена за менаџерот Ерик тен Хаг. Холанѓанецот не бележи резултати какви што се очекуваа. Медиумите шпекулитаа со имињата на неговиот наследник


Изненадувачки, според англиските медиуми фаворит е Киеран Мекена, 38-годишниот менаџер на Ипсвич, тимот кој со голем стил го внесе во Премиер лигата.

Островските медиуми пренесуваат дека челниците на Манчестер јунајтед деновиве стапиле во контакт со менаџерот на младиот стручњак.

Интересно е што Мекена беше дел од стручниот штаб на Манчестер јунајтед во периодот од 2016 до 2021 година, од каде замина да работи во Ипсвич.

Оттогаш бележи само одлични резултати, Ипсвич за само две години успеа од третиот ранг да стигне до Премиер лигата.

Желбата на Ипсвич е дефинитивно да го задржи селекторот од Северна Ирска.

Исто така, Мекена се поврзува и со Брајтон, во случај Роберто де Зерби да го напушти клубот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK