САД: Реториката на Додик е страшна

dodik.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Соединетите Американски Држави го сметаат лидерот на босанските Срби Милорад Додик за закана за стабилноста и се подготвени да реагираат на секоја закана за опстанокот на Босна и Херцеговина како држава, изјави американскиот амбасадор во Сараево, Мајкл Марфи.


Во интервју за телевизијата „N1“, чии делови беа објавени на веб-страницата во текот на денот, Марфи ја оцени како целосно неприфатлива „страшната реторика“ што Додик ја употребува во своите изјави, особено неговите закани за отцепување на Република Српска од државата Босна и Херцеговина.

Тој потсети на изјавите на Додик како онаа дека „не сака да го дише истиот воздух како Бошњаците“, нагласувајќи дека тоа мора да ги загрижи сите, вклучително и меѓународната заедница.

Разузнавачките проценки на американската влада, рече Марфи, укажуваат колку Додик претставува закана за Босна и Херцеговина и нејзината иднина, поради што од 2017 година е цел на санкции, кои му забранија да патува во САД и ги замрзна неговите средства.

„Ние ќе продолжиме да го правиме тоа. Користивме санкции за да ги повикаме поединците одговорни за ова однесување и ќе продолжиме да го правиме тоа. Бевме јасни и останува нашата политика, дека нема да се воздржуваме кога станува збор за Додик и кој било политичар, кој ја турка земјата кон конфликт, тоа не е во интерес на САД и нема да дозволиме тоа да се случи“, рече американскиот амбасадор.

Тој објасни дека тоа значи дека САД нема мирно да ја набљудуваат можноста за избувнување на нов конфликт на тлото на Босна и Херцеговина и затоа силно го поддржуваат продолжувањето на воената мисија на Европската унија (ЕУФОР), но и решеноста на НАТО да не дозволи секаков безбедносен вакуум во таа земја.

„Нашата политика е цврста и јасна и тоа е случај во последните 30 години. Ние го поддржуваме територијалниот интегритет, суверенитет и мултиетничкиот карактер на БиХ, тоа е наш интерес и нашата намера е да го браниме“, рече амбасадорот Марфи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK