Николо Заниоло нема да игра за репрезентацијата на Италија на Европското првенство во Германија од 14 јуни до 14 јули.
Фудбалерот на Астон Вила го повреди стапалото на натпреварот од претпоследното коло од Премиер лигата против Ливерпул.
Италијанецот влезе во игра во 65. минута, а беше заменет 14 минути подоцна.
Медицинските прегледи покажаа дека се работи за тешка повреда, поради која мора да отсуствува од терените најмалку еден месец.
Интересно, Заниоло го пропушти и претходното Европско првенство кога Италија ја освои титулата поради повреда на коленото.
Италија е во групата Б заедно со Шпанија, Хрватска и Албанија.