Русија и Организацијата за исламска соработка ја продолжуваат борбата против исламофобијата, христијанофобијата и русофобијата во светот, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во своето обраќање пред учесниците на Форумот на млади дипломати на земјите на Организацијата.
Конференцијата се одржува на маргините на меѓународниот економски форум „Русија – Исламски свет.
„Подготвени сме да продолжиме заедно со Организацијата за исламска соработка да придонесуваме за меѓурелигискиот и меѓукултурниот дијалог, да ги заштитиме заедничките духовни и морални вредности на светските религии, да се бориме против исламофобијата, христијанофобијата, русофобијата и другите форми на расна и етнокултурна нетрпеливост“, истакна дипломатот.
Тој потсети дека Русија е најголемата евроазиска сила и дека одржува чесни односи со муслиманските земји, засновани на меѓусебно почитување.
Форумот, чија програма опфаќа 125 тематски панел дискусии во 12 различни области, се одржува во Казан во Меѓународниот изложбен центар „Казан Експо“ и ќе трае до 19 мај. Како што се наведува, клучна тема е „Доверба и соработка“, пренесува Спутник.