Тајванската армија забележала 45 кинески авиони околу островот, соопшти денеска Министерството за одбрана во Тајпеј.
Годинава тоа е најголемиот број кинески авиони забележани во 24-часовен период околу Тајван, за кој Пекинг тврди дека е дел од Кина.
Во текот на денот околу Тајван биле забележани шест кинески бродови.
Од 45 авиони, 26 ја поминале „средишната линија на Тајванскиот теснец“, се наведува во соопштението на министерството.
Новиот претседател на Тајван, Лаи Чинг-те, за кој Пекинг тврди дека е „опасен сепаратист“, треба да ја преземе функцијата за неколку дена, на 20 мај.