„Раѓаме бебиња само за да ги изгубиме“: плачот на мајките од Газа чии деца беа убиени во нападите

1715435410-12216458-1536x1024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Раним Хиџази се сеќава дека цврсто го држела својот едногодишен син Азуз пред израелскиот воздушен напад. Дронот кој лета над нивната зграда во Појасот Газа беше се погласен и погласен, а таа претчувствуваше дека нешто лошо ќе се случи. „Што и да ми се случи мене ќе му се случи“, забележува таа. Раним не се сеќава на моментот на ударот, но добро се сеќава на последиците што нападот ги остави врз неа и нејзиното семејство. „Не го чувствувате самиот удар, само ги отворате очите и сфаќате дека сте под урнатините“, вели таа.

Си-Ен-Ен ја пренесува приказната за мајките од Појасот Газа кои минале низ страшни моменти поради жестоките израелски напади.

Раним веднаш почнала да го бара Азуз, се додека нејзината свекрва не викнала. „Таа го најде над мојот стомак и веднаш го подигна. Таа го држеше телото на Азуз, а неговата глава падна на мојот стомак“, изјави таа за Си-Ен-Ен. Од тој момент, 24 октомври и остана врежан во сеќавањето, бидејќи тогаш се прашуваше дали сака да продолжи да живее. Таа прво побарала од семејството да ја остави да умре, но наместо тоа тие се обиделе да ја извлечат од уништената куќа во Кан Јунис.

„Ногата не ми се гледаше, а раката ми висеше за телото на мало парче месо. Се обидов да го откинам, но не успеав, па само го ставив преку стомакот“, вели таа. Кога пристигнала во болница мислеле дека е мртва, но бидејќи била во осмиот месец од бременоста, лекарите повторно ја прегледале и и направиле царски рез. Рано ја добила ќерката Маријам, а го изгубила синот Азуз.

„Кога ќерката го зеде првиот здив, јас се вратив во живот. Докторите ми рекоа дека нејзиното раѓање е чудо“, вели таа. Раним ја раскажува својата приказна, лежејќи во болнички кревет во Доха. Нејзината лева рака е ампутирана, а двете нозе претрпеле големи оштетувања, поради што мора да мине низ бројни операции.

„Ќерка ми е таа што ме спаси. Кога сфатив што ми се случи, си реков: Не ја сакам. Сакам мојот син да се врати. Немав сила да ја погледнам, а камоли да се грижам за неа“, вели Раним.

Таа е рано евакуирана од Газа на понатамошно лекување еден месец по нејзината повреда, а Маријам е со баба и и дедо и во Египет. Раним не ја држи својата ќерка во раце повеќе од шест месеци. Лекарите ја уверуваат дека повторно ќе може да оди.

„На ортопедија работам околу 21 година. Видот на повредите, сериозноста на повредите и видот на инфекции со кои се соочивме кај пациентите во Газа се нешто што досега не сум го сретнал“, вели ортопедскиот хирург Хасан Абухејлех. Тој мораше да им каже на многу пациенти дека нивните ампутации, иако неопходни за да се спасат нивните животи, може да се избегнат доколку им се пружи соодветна помош во Газа.

Повеќе од 4.800 луѓе се евакуирани од Газа на лекување откако Израел ја започна својата воена офанзива.

Израел одби 42 отсто од барањата за медицинска евакуација, соопштија Обединетите нации, а затворањето на преминот Рафа нагло ги прекина сите медицински евакуации на тешко болните и повредените пациенти од Газа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK