Путин потпиша указ за состав на новата влада на Руската Федерација

Путин-нареди-промена-на-закон-без-договор-да-им-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за состав на новата Влада, откако претходно денеска Државната дума одобри 16 номинации за министри и 10 вицепремиери, пренесоа руските медиуми.


Советот на Федерацијата, Горниот дом на руската Дума, ја заврши дводневната консултација за кандидатите за позициите шефови на безбедносните агенции и специјалните служби предложени од претседателот Путин, пренесува РИА Новости.

Претседателот на Русија вечерва со посебни уредби го назначи Андреј Белоусов за нов министер за одбрана, Александар Бортников за шеф на Федералната служба за безбедност, Дмитриј Кочнев за шеф на Федералната служба за заштита, Виктор Золодов за шеф на Националната служба, а Сергеј Наришкин како шеф на странската разузнавачка служба, пренесе руската агенција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK