Вчера во 10.50 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека со тешки телесни повреди кај нив бил донесен 57-годишниот Б.Ц. од село Челопек, тетовско, извести МВР.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи за приватна фирма на подрачјето на Гази Баба во Скопје, додаваат од МВР.
Бил извршен увид.