На почетокот на неговиот петти мандат, рускиот претседател Владимир Путин оваа недела ќе отпатува за Кина во својата прва странска посета.
Се очекува лидерот на Кремљ да пристигне во Пекинг во четврток, на покана на кинескиот претседател, Шји Џјинпинг и ќе остане до петок, јави кинеската државна новинска агенција „Ксинхуа“, а јави германската ДПА.
Изборот на Кина за негова прва дестинација по реизборот во март ги нагласува блиските врски меѓу двете нуклеарни сили и постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Откако Москва ја почна својата инвазија на Украина во 2022 година и воведувањето на западните санкции, Русија е во голема мера меѓународно изолирана.
Сепак, Кина не го осуди нападот и зазеде неутрален став.