Рој оси нападнаа израелски војници во Газа, некои се со по стотици убоди

ukraina-vojna.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Израелските одбранбени сили соопштија дека 12 војници биле повредени откако биле нападнати од рој оси во јужниот дел на Појасот Газа.

ИДФ вели дека инцидентот се случил во петокот кога тенк ненамерно удрил во осарник, што ги вознемирило инсектите.

Војниците биле пренесени во медицинскиот центар Шеба во Тел Хашомер, каде еден е сместен на интензивна нега.

Од болницата велат дека никој не е во опасност.

„Војници со тенк згазнаа на осарник. Осите искасаа 11 војници кои беа евакуирани за да добијат медицинска помош“, соопшти ИДФ.

Инцидентот во Појасот Газа се случи за време на операција предводена од Јужната бригада во пограничниот регион спроти заедницата Нирим во Израел.

Од Медицинскиот центар Шеба наведуваат дека некои од војниците имале и до сто убодни рани и дека тоа е ситуација со која медицинските работници досега не се соочиле.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK