10-неделно бебе ги оставило родителите без зборови кога и кажало на мајка си „Те сакам“ – а неверојатниот момент бил снимен на камера.
Мајката Кесија Камерон, од Њујорк, го држеше во скут својот син Роан и му велеше „Те сакам“ кога тој и ја повтори реченицата речиси совршено.
Прекрасното видео беше објавено од бабата на Роан Лара Скадсен на TikTok, каде стана вирално и собра повеќе од 1,1 милион прегледи. Беше споделено со натпис „Внукот е гениј! Гледајте!’ а гледачите останаа вчудоневидени од неговиот говор, додека еден од нив коментираше: „Време е да се вработи и да плати сметки!“
Вториот напиша: „ОМГ! Тој буквално го повтори тоа што го кажавте. Продолжете да разговарате со него како возрасен, тој ќе биде генијалец“. Друг коментираше: „Бебињата во 2020 година доаѓаат со нова надградба“.
Се чини дека Роан учи со брзо темпо, при што повеќето бебиња се очекува да имаат „детски разговор“ само во првите неколку месеци од нивниот живот, според WebMD.