Околу 104.000 пакувања леб се повлечени од продажба во Јапонија, откако во две пакувања се пронајдени делови од тело на стаорци, објави производителот на леб „Паско Шикишима“.
Компанијата во средата потврди дека е покрената истрага бидејќи во две пакувања леб биле пронајдени делови од тела на стаорци, пишува „Japan Times“.
„Сакаме длабоко да се извиниме што им нанесовме проблеми на нашите клиенти“, се наведува во соопштението на компанијата.
Се додава дека производството ќе биде прекинато до крајот на истрагата.