Две украински хидроцентрали се онеспособени откако руските вооружени сили ги нападнале, соопшти украинската компанија „Укрхидроенерго“.
На 8 мај беше направена значителна штета на хидроцентралите. Две хидроцентрали беа онеспособени“, се вели во соопштението на каналот Телеграм на компанијата.
Се додава дека хидроенергетското производство на Украина „претрпело огромни штети“, и дека поправката на уништената опрема ќе бара „голем напор и значителни финансиски средства“, пренесува украинската агенција УНИАН.