Роналдо го продаде Крузеиро

ronaldo-cruzeiro-empresario-holding-futbol-2024
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо ја објави продажбата на Крузеиро. Сопственик на клубот во кој ја започна кариерата, Роналдо стана пред две години.


 

„Мојата мисија е остварена. Целта беше да се обнови Крузеиро, да се врати таму каде што припаѓа и да се предаде на вистинската личност“, рече светскиот шампион од 2002 година на прес-конференција во Бело Хоризонте.

Со него беше и новиот сопственик на клубот, Педро Лоуренсо, милионер кој раководи со еден од главните супермаркети во земјата.

Детали за продажбата не се откриени, но локалните медиуми јавуваат дека новиот сопственик, како и неговиот претходник, ќе има 90 отсто од акциите за сума која се проценува на 600 милиони реали (110 милиони евра).

Во декември 2021 година, Роналдо се здоби со 90 отсто од акциите на Крузеиро, клубот во кој ја започна својата кариера во 1993 година, за сума од околу 400 милиони реали.

Четирикратниот бразилски шампион и двократниот победник на Копа Либертадорес, Крузеиро, во периодот пред Роналдо минуваше низ финансиска, поради што клубот во 2019 година испадна од бразилската Серија А.

Крузеиро веднаш се врати во елитата под водство на Роналдо, кој го преполови долгот на клубот, моментално седми во бразилското првенство.

Поранешниот играч на ПСВ, Интер, Барселона и Реал Мадрид сепак беше мета на критики минатата година за резултатите кои се сметаа за разочарувачки бидејќи Крузеиро ја заврши сезоната на 14. место.

„Крузеиро беше на интензивна нега и сега удобно одмара во болнички кревет“, рече Роналдо и му го предаде клубот на Лоуренсо.

Инаку, според најавите Роналдо се подготтвува да го продаде и втроиот тим, кој се наоѓа во неговат сопственост. Станува збор за шпанскитиот вторлигаш, Ваљадолид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK