Вчера во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во близина на камп „Винојуг“ во Гевгелија била пронајдена експлозивна направа.
„На 28 април бил извршен увид на местото и било констатирано дека станува збор за артилериска граната калибар 75 мм, која потекнува од Првата светска војна“, објави МВР.
Гранатата била безбедно подигната од местото.